Кога настанува дискусија околу тоа кое дрво е најстаро, за повеќето прва асоцијација се џиновските секвои. Меѓутоа, на брдата во делови од Калифорнија расте дрво кое по многу нешта е необично.
Како што биолозите ја истражуваат нашата планета, така пронаоѓаат сѐ постари и постари дрвја и ја поместуваат старосната граница. До неодамна се сметаше дека најстарото дрво на светот е борот наречен Метузалем, односно Pinus longaeva, кој расте во планинскиот дел на сојузната американска држава Калифорнија и наводно е стар 4.849 години.
Дополнително е откриен еден уште постар Pinus longaeva - најстарото дрво во светот - кое живее веќе 5.066 години. Овој многу отпорен, но загрозен вид, се навикнал на суровите услови. Вирее во повисоки предели, на сиромашна почва, карпести области и сува, ветровита, сурова клима со минимални врнежи. Всушност, тоа се области каде останатите видови не можат да преживеат.
Има многу разгранет и плиток корен и споро расте, а ветрот кој дува и останатите непогоди за време на стотици и илјадници години се погрижиле ова стебло да добие доста необичен облик.
Точлните локации на двата најстари примероци се чуваат во тајност за ова дрво да остане безбедно и да поживее што подолго.
Освен во Калифорнија, се наоѓа и во сојузните држави Невада и Јута.