Мицкоски: Со умен рационален пристап францускиот предлог може да се смени

Денеска дадовме наш предлог и којшто е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и за преговарачката рамка, но и за заедничките позиции на земјите членки на ЕУ, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот „Ултиматум - Не благодарам“.

– Можете да преговарате како што преговара нашата Влада и да не однесете во амбис и да немате втора опција додека паѓате во амбис. Дали ќе ја прифатиме таа опција додека не сме во амбис – не, не благодарам. Затоа велиме не за асимилација. И наместо да се консултираат со нас, тие водеа егзибиционистички преговори. Ќе ве потсетам на Лисабонската декларација уште во раните деведесетти кога Македонија стануваше независна држава имаше заклучок името на државата да не го содржи зборот Македонија, па потоа се смени. Така што, со умен пристап, рационален пристап, пристап којшто е национален македонски пристап може се да се смени, изјави Мицкоски.

Во однос на денешната средбата на партиските работни групи во Клубот на пратеници тој нагласи дека не ја гледа целта на продолжување на овие разговори, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ги кажа своите позиции.

– Како горди Македонци, достоинствени Македонци, тоа што сме биле, тоа што сме и тоа што ќе останеме, горди на нашите предци и на жртвата која што нашите предци ја дале за да ја имаме ние оваа независна македонска држава, која што го говори преубавиот мајчин македонски јазик, признат и кодифициран уште минатиот век, истакна Мицкоски.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе