Microsoft ќе инвестира 10 милијарди долари во алатката за вештачка интелигенција ChatGPT

Microsoft потврди инвестиција од најмалку 10 милијарди долари во алатката за вештачка интелигенција позната како ChatGPT, по неколку недели гласини за овој колосален финансиски договор.

Иако Microsoft не ја потврди точната бројка, во понеделникот во соопштение за медиумите најавија дека партнерството меѓу двете компании ќе биде продолжено.

Оваа неодамнешна инвестиција е третата фаза од финансиската посветеност на Microsoft кон оваа компанија. Извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, рече дека пристапот до вештачката интелигенција значително ќе се подобри.

„Во следната фаза од нашето партнерство, програмерите и организациите низ индустриите ќе имаат пристап до најдобрата платформа за вештачка интелигенција, модели и синџир на алатки за да ги изградат и стартуваат нивните апликации“, рече Надела.

ChatGPT е чет-бот објавен кон крајот на минатата година од OpenAI, компанија првично основана од Илон Маск и Сем Алтман. Оваа револуционерна алатка пријави еден милион корисници на почетокот на декември откако беше онлајн околу една недела.

Microsoft ќе продолжи да биде ексклузивен провајдер за OpenAI и ќе води нова истражувачка работа на API услугите. Вреди да се спомене дека Microsoft веќе инвестираше во OpenAI во претходните фази. Имаше почетна инвестиција од 1 милијарда долари во стартапот со седиште во Сан Франциско уште во 2019 година. Оттогаш, Microsoft тивко инвестирал уште 2 милијарди долари во компанијата, според извори од индустријата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Вести

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе