Microsoft повторно ја намали цената на Xbox One

Microsoft повторно ја намали цената на својата конзола Xbox One на само 226 евра што претставува трето намалување во само два месеци. Промената на цената на конзолата доаѓа пред претставувањето на новиот Xbox One S кој во продажба ќе биде пуштен на 2 август.

За цената од 226 евра, Xbox One ќе доаѓа со 500 GB меморија, и со игри како што се Gears of War: Ultimate Edition, Quantum Break, Forza Motorsport 6, Rise of the Tomb Raider и Rare Replay.

Поевтинувањето прво ќе се примени на страниците како што е Amazon, а оваа цена ќе трае се додека не се потрошат залихите.

Xbox One не беше успешен ако се спореди со главниот конкурент Sony PlayStation 4. Додека Sony продаде повеќе од 40 милиони примероци од конзолата, Microsoft ги крие своите податоци, иако EA објави бројка од 19 милиони продадени конзоли до јануари оваа година.

Од друга страна, новата верзија на конзолата на Microsoft ќе биде 40 проценти помала од One, а ќе се разликува и според редизајнираниот хардвер. На крај на се, Microsoft за следната година ја подготвува конзолата Xbox Scorpio, па мали се шансите дека One ќе продолжи да се произведува.

 

реклама

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе