УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Милер: Да победевме 6:3 никој немаше да зборува за примените голови

Баварците капитулираа во три наврати, но нивната одбрана немаше да биде на тапет доколку нападот синоќа беше на висина на задачата, смета напаѓачот на актуелниот бранител на титулата.

Томас Милер го обвини нападот на неговиот тим за вчерашниот пораз на домашен терен во првиот четврфинален натпревар во Лигата на шампионите од страна на ПСЖ. Нападот чиј дел 90 минути беше самиот тој и кој учествуваше со еден гол во поразот од 2:3.

„Мора да постигнуваме и тоа како повеќе голови. Се разбира, секогаш можеме да ги дискутираме примените голови, но да завршеше 6:3 за нас никој немаше да се жали“, коментира Германецот за Sky Sports.

Сега Берн ќе мора да брка победа во Париз на реваншот наредниот вторник, што нема да биде лесна задача со оглед на големиот број на примени голови на домашен терен.

„Тоа е што е, сами сме си криви. Сега мораме да бркаме дефицит“, дополнува стрелецот на голот за израмнување на 2:2 во 60-тата минута.

Милер сепак смета дека грешките во одбраната не биле најголемиот проблем за Баерн.

„Па и не грешевме до толку. Доколку го разбудевме оној убиствен инстинкт во нападот кој нѐ разликува од останатите, тогаш ќе гледавте тотално различен натпревар“, вели Милер.

„Она што е јасно е дека никогаш не можете целосно да го запрете нападот на ПСЖ. Гаиме напаѓачки стил на игра, затоа постигнуваме многу голови, затоа победуваме многу натпревари, но овој пат промашивме куп одлични шанси“, искрен е тој.

реклама

Фудбал

Анчелоти преговара со Бразил

Read more

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Read more

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Read more

Земја која се пласираше на Мундијалот е на списокот на Трамп за целосна забрана за издавање визи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Читај повеќе

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Читај повеќе
  • play_arrow

Чудесна победа: Леброн со звукот на сирената го спаси промашувањето на Дончиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ се врати од повредата против Бакс и издоминира со нови рекорди

Читај повеќе

Гледач ја навредуваше Ига Швјонтек на тренинг, тенисерката доби дополнително обезбедување

Читај повеќе