КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Милевски: Италија има силни и слаби страни, ова е еден натпревар на кој сѐ е отворено

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација денеска на пладне одржа прес-конференција на која даде свое видување во однос на предизвикот кој ни претстои, баражот против фудбалскиот великан Италија.

Фото: ФФМ

Милевски приликата ја искористи и да го објави списокот на повикани фудбалери.

„Се работи за еден натпревар со Италија на кој сѐ е отворено. Нашите фудбалери треба да уживаат во овој бараж, да покажат дека не сме случајно на ова место и меѓу најдобрите 20 селекции во Европа. Ме радува формата во која се наоѓаат нашите репрезентативци. Што се однесува до Италија, се работи за селекција која е во топ пет по квалитет, актуелен европски првак. Меѓутоа, секоја селекција има свои силни и слаби страни, така е и со нашиот следен противник, наше е да успееме тоа да го искористиме“, рече тој.

„Овој тим на Македонија не знае да игра дефанзивно и да игра пасивно. Тоа го покажавме на сите седум натпревари во квалификациите, а ќе се потрудиме да го потврдиме и на дуелот со Италија. Ќе биде тешко, но не и невозможно. Нема лесен натпревар на ова ниво“.

Македонија досега двапати има играно против Италија и тоа во квалификациите за претходниот Мундијал. Во Скопје загубивме 2:3 со гол примен во судиското надополнување, а потоа во Торино одигравме 1:1.

„Искрено, не гледам поврзаност со претходните два меѓусебни натпревари против Италија. Од последниот натпревар со Италија мина долго време, двете селекции имаат различен селектор, различна филозофија. Сега играме еден натпревар, кој е од сосема поинаков тип и важност, во споредба со двата квалификациски натпревари одиграни во Скопје и Торино“, заврши селекторот.

Македонија ѝ гостува на Италија на 24 март на „Ренцо Барбера“ стадионот во Палермо со почеток од 20:45 часот. Се игра 90 минути со продолженија од двапати по 15 минути во случај на нерешен резултат, а доколку повторни нема победник ќе се шутираат пенали. Победникот потоа на 29-ти ќе игра финален бараж против победникот од дуелот Португалија - Турција, на теренот на победникот од тој дуел.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе