Милевски за приказните за отсуствата на Адеми и Ристовски

Филип Здравески
/ 30.12.2022 / 13:25

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација зборуваше за проблемите во националниот тим, поточно за сѐ почестите отсуства на капитенот Ристовски и моторот во средниот ред Адеми.

Фото: ФФМ

Изминатава календарска 2022 година Македонија одигра точно 11 натпревари. Капитенот Стефан Ристовски учетсвуваше на само 4: двата баража во март против Италија и Португалија, како и последните два натпревара - ноемвриските пријателски со Финска и Азербејџан. Ги пропушти буквално сите шест натпревари во Лигата на нации, а на пријателската со Саудиска Арабија не беше повикан бидејќи Македонија играше со состав од домашната лига.

Неговиот соиграч од загрепски Динамо, Аријан Адеми, одигра уште помалку: по двата мартовски баражи воопшто не го видовме во дресот со сонцето. Нивното отсуство и тоа како се почувтсвуива во игрите вои Лигата на нации, што резултираше со незадоволителни резултати и пласман само на 3. место, зад Грузија и Бугарија, а единствено пред аутсајдерот Гибралтар.

Нивните отсуства создадоа низа чаршиски муабети. Иако клубот секогаш потенцираше дека не се со репрезентацијата поради повреди, чаршијата започна шпекулации дека станува збор за некаков бојкот кон селекторот.

Во своето новогодипшно интервју за веб-страницата на ФФМ, меѓу другото, селекторот Благоја Милевски проговори и за отсуството на овие двајца играчи, кои важат за едни од клучните во репрезентацијата.

„Да бидам искрен, имам доволно искуство за да не размислувам за такво внимание од луѓето кои се обидуваат да 'плетат' такви приказни. Најважно за мене е тоа што го добивам како информација во разговорите со фудбалерите, па и со Стефан и Аријан. Никогаш и ништо за мене не било поважно од тоа. Така и функционираме“.

„Јас сум професионалец, искрен во намерите и секогаш настојувам да бидам отворен и транспарентен. Тоа го барам од сите, се разбира и од фудбалерите. Би било добро за Македонија да ги имаме во тимот за квалификациите. Се надевам дека како и сите други ќе бидат здрави и подготвени да се стават на располагање“, рече Милевски.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе