Мит или вистина: Натпреварот на Фиорентина прекинат поради НЛО над стадионот

Зарем може фудбалски натпревар да се прекине поради НЛО? Токму тоа се има случено пред 70 години во Италија.

На 27 октомври 1954 година на стадионот „Комунале“ во Фиренца (денешен „Артемио Франки“) копјата ги вкрстиле Фиорентина и Пистојезе во пријателски натпревар. Иако било ручек време во работна среда, се собрале 10.000 гледачи жедни за фудбал.

Младите играчи на Фиорентина имале тотална контрола на натпреварот. Гостите од Пистојезе биле немоќни под ударите на „Виола“. Во одреден момент, околу 14:30 часот, толпата одеднаш го тргнала погледот од зелениот терен и сите почнале да гледаат нагоре. Миг подоцна тоа го сториле и судијата, играчите и сите на клупите за резерви.

Нешто неверојатно се случувало на небото над стадионот. Имало објект што лебдел, но не бил авион, хеликоптер или дирижабл. Се чини дека имал изглед на големо блескаво јајце и во рок од неколку минути каде да застанал за од височините да го сведочи фудбалскиот настан.

Набргу потоа, на овој објект му се придружиле и други, а во меѓувреме, стотици многу тенки светкави нишки почнале да паѓаат од небото. На неверување на публиката, предметите го како што нпаѓале така и си заминувале. По оваа апсурдна епизода, натпреварот продолжил, Фиорентина победила со убедливи 6:2, но тоа дефинитивно не била главната вест во весниците следниот ден.

„Ufo su Firenze“ (НЛО над Фиренца), пишувале главните весници, зборувајќи за некои летечки чинии кои застанале над стадионот, а потоа побегнале, додавајќи дека таа работа нужно има зрно вистина, со оглед на тоа што не станмува збор за оние класични епизоди со изолиран и сомнителен сведок. Овде зборуваме за 10.000 луѓе кои сите го виделе истото.

Настанот во живо го опишал новинарот на фирентинскиот дневен весник La Nazione, Џорџо Батини, а меѓу бројните сведоштва е и она на играчот од средниот ред на Фиорентина, Ардико Мањини, кој претходно настапувал и за Пистојезе.

Оставајќи ги настрана оние што веруваат дека се вонземни вселенски летала што застанале за да уживаат во играта, истрагата на невладината ЧИКАП (CICAP - Италијански комитет за истражување на тврдењата на псевдонауката) открила дека таа недела биле во тек воени вежби што користеле плева (радиоелектрична противракетна одбранбена контрамерка која ги вознемирува и мами радарите на непријателските авиони кои таргетираат системи преку дисперзија на облаци од радар-рефлективен материјал, како што се ленти од фолија), што веројатно би создало рефлексии на небото слични на видените.

Присуството на филаментите, повторно според ЧИКАП, наместо тоа, би било поврзано со феноменот на балон („ефект на балон со топол воздух“), техника на воздушна миграција имплементирана од некои видови пајаци. Овие, преку нивните серигени жлезди, произведуваат долги белузлави нишки кои веднаш формираат голема триаголна мрежа која делува како падобран, и прилепувајќи се за неа можат да лебдат во воздухот и да се движат во лет дури и илјадници километри, искористувајќи ги воздушните струи и електричните полиња на Земјата.

Периодот на миграција на овие пајаци се совпаѓа со периодот во кој се забележани во Фиренца. Феноменот бил практично непознат во тоа време; подоцна било објаснето и документирано, вклучително и со снимање и хемиски анализи.

Што навистина се случило на небото над Фиренца тоа октомвриско пладне, никогаш со сигурно нема да дознаеме. Но, останува фактот што до денес ова е всушност првиот и последен случај на прекин на натпревар поради НЛО.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе