СЕДУМНАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ /ПРОЛЕТ-ЛЕТО/2018

Моден викенд Скопје: Зошто гладува нашата мотивација?

Пролетното издание на Моден викенд Скопје 2018 заврши синоќа со пет ревии во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Скопје.

Се претставија Сара Реџиќ со колекцијата „La vie en rose“,  брендот „YILKA BRADA“ од Косово со колекцијата „Modish“, Јагода Пачемска од арт-студиото „Фа-Бу“, деби колекцијата „Будење“ на „Ателје Магдалена“ и Олгица Ѓоргиева со „Destination“, инспирирана од книгата „Мемоарите на една гејша” од Артур Голден.

Заокружена е уште една сезона на единствената платформа за промоција на домашните дизајнери и гостувања на регионалните модни имиња, под мотото „Што ја храни вашата имагинација?“, па неизбежно беше да се постави прашањето Дали модната сцена одговори на ова прашање? Одговорот е комплексен. Неоспорно е дека имагинација, желба и креативност има, но реализацијата заостанува зад желбата. Модниот викенд веќе 17-та сезона континуирано егзистира, но не напредува. Понавачите добро се сеќаваат на сезоните кога програмата изобилуваше и со квантитет и со квалитет, како во поглед на ревии, етаблирани дизајнерски имиња, така и во содржина на споредни настани, како работилници, дебати, гостувања на професионалци од пошироката модна индустрија, а и разновидност на публиката. Изминативе сезони се чини дека филтерот е сѐ поширок, а учесниците и публиката помалку мотивирани.

Секако, настанот мора да го гледаме и низ пошироката призма на општествено-економските случувања во земјата и регионот, а сепак минатото покажало дека во потешки услови, желбата и трудот за создавање, истакнување и освојување биле уште посилни. Изреката дека успехот е 10% талент и 90% напорна работа се покажува како точна, па се отвора прашањето, што го поткопува стремежот во нашата ранлива модна индустрија? Како потенцијални одговори (или теми на дискусија) се недостигот на средства, конструктивна и издржана критика, конкурентност на пазарот и поволна клима за развивање на поширока модна заедница.

Во есенското издание на FWSK во 2013 година, дизајнерката Стефанија Насеска на пистата го постави прашањето „Шчо напраифме?“ (со македонската мода), односно до каде стигнавме? Пет години подоцна прашањето е поделикатно, а брановите што ги проструи Насеска стивнаа во расцепкани разговори низ модните кругови меѓу две ревии или две сезони.

Изминатите три вечери имавме можност да погледнеме созреани дизајнерски изрази, како од младите и надежни дизајнери, така и од докажани дизајнерски имиња, но и обиди да се биде дизајнер или да се одржи името на брендот. Без најмала намера да го поткопам ентузијазмот што сѐ уште вирее и успехот да се одржи барем континуитет и да не се отвора празнина што ќе создаде уште поголем вакуум на сцената, ќе кажам дека мојата имагинација ја храни желбата да видам поголема посветеност, попркосна храброст и неконформизам кога станува збор за создавање уметност како што е модата.

Во тој дух, и во насока на надежноста и неисцрпната имагинација, ќе ја издвојам ревијата за најновата колекција на младата дизајнерка Сара Реџиќ, насловена „La vie en rose“. Реџиќ, која твори под брендот Sari Gi, од сезона во сезона покажува дека дефинитивно е име што треба будно да се следи и повторно покажа содржајна, богата и беспрекорно изработена колекција, во нејзиниот препознатлив романтичарско-боемски шарм. Позната по женствените ретро силуети, богатството од бои и дезени и примената на рачни доработки, Реџиќ синоќа отиде еден чекор понатаму, најавувајќи дека нејзиниот дизајнерски израз созрева и не се плаши да посегне по нови силуети и кроеви.

Таа вели дека „Жените се херои на секојдневието. Во природата на секоја жена постои едно 'розово’ катче. За да успее да го преброди денот, обврските, животот, жената има потреба одвреме-навреме да побегне во својот 'живот во розово’, да блесне, да зачекори како кралица. Токму таму е нејзиниот 'La vie en rose’ свет од кој црпи сила на животот и светот да гледа со розови очила.“ Нејзината порака беше јасно пренесена – влеговме во розовиот свет да нацрпиме имагинација и енергија и да излеземе похрабри, поинспирирани и надежно, да блеснеме во вистинскиот свет.

Фото: Ани Дими

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе