Модните трикови на првата дама на Франција

Брижит Троње е под лупа на јавноста уште пред да стане прва дама на Франција. Нејзиниот стил на облекување го привлече вниманието на јавноста, особено заради нејзините години, бидејќи е 24 години постара од сопругот, претседателот на Франција Емануел Макрон.

Додека некои модни критичари не се согласуваат со нејзиниот избор на облека, како кратки здолништа, џинс и тесни панталони, други го поздравуваат ова кршење на табуата и велат дека токму изборот на ваква гардероба ја прави да изгледа помладо на вкусен начин.

Троње (64) редовно се појавува на настани со сопругот и секогаш нејзиниот моден избор е вистински погодок. Кога американскиот претедател Донал Трамп беше во посета на Франција, Троње ја засени дури и поранешната моделка, првата дама на САД Меланија Трамп.

Нејзините модни комбинации варираат од смирени монохроматски, до смели принтови и кроеви, но едно е сигурно: нејзината одлука да носи парчиња надвор од „старосната група за која се резервирани“ е она што го прави нејзиниот стил беспрекорен.

Како вистинска Французинка, Троње се спротивставува на нормите, додека истовремено останува верна на класиците.

Тајната на нејзиниот изглед е токму во таа комбинација на модерното и класичното.

Кога носи кратки фустани и здолништа избира монохроматски комбинации и смирени тонови, покажувајќи го добро одржаното тело во класични кроеви. Точно знае кои тонови ѝ прилегаат и во тој поглед не експериментира.

Кога избира помодерни дезени, џинс или припиени панталони, ги комбинира со класични и секогаш добро скроени парчиња што ѝ даваат доза елеганција на комбинацијата.

„Да се облекува како повеќето жени на нејзина возраст, Брижит би изгледала постаро. Наместо тоа, таа изгледа здраво, модерно, елегантно и секси“, ја пофали неодамна Кели Хаш, уредничка на австралискиот „Harpers's Bazaar“.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Стил

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more

Hats and the City – нов едиторијал на шапки од Мирјана Јосифоска

Read more

Најлоша мода на Оскарите 2024: Кај ви беше паметот?

Read more

10 најдобро облечени на Оскарите 2024

Read more
 

Магазин

Дерматолог открива каде најмногу грешиме со негата на кожата во пролет

Читај повеќе

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Читај повеќе

Бременост после 40-тата: Што треба да знаете?

Читај повеќе

Како пролетното чистење делува на нашата психа?

Читај повеќе

Има повеќе видови отколку што мислевте: Зошто треба да јадете ротквици?

Читај повеќе
  • filter

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Читај повеќе

Белуга китови, мразокршач и класична музика - необична морска приказна

Читај повеќе
  • play_arrow

Храна што неверојатно го намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе ја решите Ајнштајновата загатка? Успеале само 2% од луѓето

Читај повеќе