Моментот кога се повреди српскиот кошаркар што остана без бубрег
Денеска кошаркарскиот свет го потресе веста дека на српскиот репрезентативец Бориша Симаниќ морал да му биде отстрранет бубрегот. Тој се повреди во средата во самиот финиш на натпреварот од првото коло на МундоБаскетот против Јужен Судан, кој заврши со 115:83 во корист на Србија.
Симаниќ доби лакт во пределот на бубрегот од Нуни Омот, кој веднаш му се извини. Не можеше да продолжи да игра и истата вечер беше опериран. Докторите потоа не успеале да му го спасат бубрегот.
Бориша е висок 211 сантиметри и има 25 години. Не се знае дали ќе може да продолжи да игра кошарка.