Morgan ги претстави освежените модели Plus Four и Plus Six

Со последниот пакет освежувања што Morgan го подготви за нивниот бесмртен open-air двосед, најголемите промени дојдоа во патничкиот простор.

Модернизацијата во духот на сегашното време донесе со себе поголем информативен LCD дисплеј покрај традиционалните аналогни инструменти зад и до воланот во редизајнирана алуминиумска плоча која се нуди во неколку бои. Воздушните перничиња, кои пред редизајнот беа на листата на опционална опрема, сега се вклучени во стандардната опрема, а има и затворена кутија за ракавици, но и извонреден аудио систем Sennheiser со 8 звучници.

Она што не е видливо однадвор, но при поголеми брзини ќе им биде од помош на „романтичните“ возачи на Morgan, се новите амортизери и ESP системот со прилагодлив интензитет на работа.

Послабата верзија (Plus Four), чијашто каросерија е потесна во споредба со помоќниот Plus Six, е придвижувана од дволитарскиот 4-цилиндричен (би)турбо бензински мотор на BMW кој развива 258 коњски сили при 4.400 вртежи во минута и 400 Нм врвен вртежен момент од 1.000 до 4.300 вртежи во минута, што се дистрибуира на задната оска со 8-брзински автоматски менувач. Клиентите кои сакаат верзија со рачен менувач со 6 степени може да сметаат на вртежен момент од 350 Нм.

Двете верзии достигнуваат 240 км/ч. Опцијата за автоматски менувач достигнува од 0 до 100 км/ч за 4,8 секунди, што е за 0,4 секунди побрзо од опцијата со рачен менувач.

Поширокиот, поагресивен и помоќен Plus Six не може да се има во комбинација со рачен менувач, а го придвижува линискиот трилитарски 6-цилиндричен битурбо мотор на BMW кој нуди 340 КС и 500 Нм максимален вртежен момент, што е доволно за 267 км/ч и забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,2 секунди.

Една од најстарите британски автомобилски компании допрва треба да ги открие цените за освеженото дуо со алуминиумска шасија CX, кое ќе започне да се продава на почетокот од следната година.

Тагови
реклама

Сурови до коска: Хороскопски знаци кои исчезнуваат без збор

Read more

Цвеќе кое е одлично против мувла, го чисти и воздухот, го препорачува и НАСА

Read more

Хачанов го советува Циципас: Ако сакаш да го победиш Ноле...

Read more

Камерите ги побија зборовите на Алвес - Шпанците детално го опишаа силувањето

Read more

Концепти

Audi го претстави концептот Activesphere кој се трансформира во пикап

Read more

Porsche 75-тиот роденден ќе го прослави со концептот Vision 357

Read more

BMW 1602 е рачно изработен од јаглеродни влакна

Read more

Cadillac претстави прототип за шампионатите WEC и ИМСА

Read more
 

Автомобили

Audi го претстави концептот Activesphere кој се трансформира во пикап

Читај повеќе
  • filter

Porsche 75-тиот роденден ќе го прослави со концептот Vision 357

Читај повеќе

Tesla оствари рекорден профит во 2022 година

Читај повеќе

Kia „растура“ во Европа

Читај повеќе

Колку се навистина поскапени автомобилите?

Читај повеќе

Студија откри кои се најатрактивните автомобили во светот

Читај повеќе

Dacia го зеза BMW поради воведувањето претплата за греење на седишта

Читај повеќе
  • filter

Зад ознаката B5 GT се крие досега најмоќната Alpina

Читај повеќе

Дали половните автомобили ќе поевтинат во 2023 година?

Читај повеќе