Мозокот на кучињата станува сè поголем, научниците збунети

Мозокот на кучињата е многу помал од мозокот на волкот, но новото истражување сугерира дека современото одгледување придонело за зголемување на нивната релативна големина.

Имено, во споредба со древните кучиња, модерните раси, кои се развиле во последните 150 години, имаат поголеми черепи во однос на големината на телото. Научниците сè уште не знаат зошто.

Бројни претходни студии покажаа дека припитомувањето на дивите животни - како што се кучињата, рибите, свињите, говедата, овците, зајаците и мачките - драматично ја намалува нивната релативна големина на мозокот. Се претпоставува дека причината за ова е помалата употреба на гирусите на мозокот за да се смислат начини за преживување.

Поинаков случај со кучињата

Но, се чини дека тоа не важи за сите домашни миленици. Кога експертите ги споредиле черепите на 159 раси на кучиња, вклучително и некои волци, откриле нешто неочекувано. Додека големината на мозокот на волкот беше 24 проценти поголема од онаа на кучето со слична големина, колку е генетски поразлична расата од волкот, толку е поголем неговиот мозок.

Резултатите сугерираат дека современото размножување во последните 150 години предизвикало скромен когнитивен развој кај кучињата. Но, како и зошто?

„Расите на кучиња живеат на различни нивоа на социјална сложеност и извршуваат сложени задачи, кои веројатно бараат поголем мозочен капацитет“, вели еволутивниот биолог Никлас Колм од Универзитетот во Стокхолм во Шведска, како што пренесува Science Alert.

Колм и неговите колеги најпрво поставија хипотеза дека некои кучиња, одгледувани од луѓе за посложени задачи како што се сточарство или лов, развиле релативно поголем мозок. Но, тоа не беше случај. Наместо тоа, единствениот фактор што се чинеше дека влијаеше на релативната големина на мозокот на модерните раси беше нивната генетска различност со волците.

Хипотеза за социјална интелигенција

Претходните студии покажаа дека апсолутната големина на мозокот на поединечните кучиња игра улога во нивната меморија и самоконтрола, но се чини дека тоа не е доволно силен фактор за да влијае на релативната големина на мозокот на нивната раса.

„Можеби покомплексна социјална средина, урбанизација и адаптација на повеќе правила и очекувања ја предизвикаа оваа промена, која влијае на сите модерни раси“, шпекулира етнологот Енико Кубињи од Универзитетот Еотвос Лоранд во Унгарија. Ова е во согласност со хипотезата за социјалната интелигенција, идејата дека мозокот може да еволуира за да се прилагоди на посложени општествени средини.

Истражувањето Evolution of relative brain size in dogs - no effects of selection for breed function, litter size, or longevity беше објавено во списанието Evolution.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе