RED BULL AIR RACE / 2017 / GERMANY / LAUSITZRING

Муроја ја освои победата во феноменалната трка на Лаузицринг

На само една трка пред крунисувањето на шампионот во светското првенство Red Bull Air Race, Јапонецот Јошихиде Муроја направи пресврт и се вивна до второто место во генералниот пласман со брилијантна победа на автодромот Лаузицринг, сместен меѓу Берлин и Дрезден во Германија. Австралијанецот Мат Хол ја заврши трката на второто, а со освојување на третото место, Мартин Шонка од Чешка едвај се задржа на врвот од табелата.

Шонка и Муроја на Лаузиц дојдоа како прв и четвртопласиран на табелата од  светското првенство, па кога и двајцата се изборија за влез во дуелот на најдобрите четири пилоти („Фајнал 4“), навивачите од Чешка кои наполнија неколку автобуси и дојдоа го бодрат пилотот, беа на нозе. Настапувајќи прв, Мат Хол го постави „репер времето“ на 50.486, а Муроја беше следен, и успеа да го подобри постигнувањето за три стоти делови од секундата, на 50.451. Шпанецот Хуан Веларде доби казна, па се беше во рацете на Шонка кој настапи како последен. Чешкиот ас леташе моќно, но имаше време од 50.964. Тоа не беше доволно за победа, но неговите поени за третото место беа доволна причина за славје меѓу неговите фанови!

Резултатите од Лаузиц се гаранција дека финалето на сезоната на американскиот автодром во Индијанаполис не смее да се пропушти. Еден од четворицата пилоти ќе го освои шампионскиот наслов на светски познатиот „Брикјард“. На врвот од табелата, Шонка има 63 поени, Муроја е само 4 поени зад него со 59, а титулата му е на дофат и на Канаѓанецот Пит МекЛиод  со 56 поени. Секој од нив ќе сака да ја освои својата прва титула во генералниот пласман, а воедно и прва титула за нивната земја. Во меѓувреме, Кирби Чемблис со 52 поени се уште има шанса да ги отфрли сите нив, а Американецот ќе ја има и предноста на домашната публика, како и неговото искуство со претходно освоени две титули.

„Тоа е победа, секако дека сум многу задоволен. Имавме тешкоти во Казан и Порто, но потоа многу добро се подготвивме, им благодарам на сите членови на мојот тим“, рече озарениот Муроја.

„Знаевме дека ќе можеме да се бориме за титулата оваа година. Планот за Индијанаполис е лесен: само да летам брзо и да ја освојам победата!“

Сега тркачките екипи и нивните навивачи имаат четири напнати недели да го чекаат врвот на сезоната во Индијанаполис, на 14-15 октомври.

Раскажете дека сте биле таму! Билетите за кулминацијата на светскиот шампионат Red Bull Air Race на автопатот Индијанаполис се веќе во продажба. За повеќе информации за билети и сите новости, посетете ја веб-страницата www.redbullairrace.com.

Резултати (Лаузиц): 1. Јошихиде Муроја (Јапонија), 2. Мат Хол (Австралија), 3. Мартин Шонка (Чешка), 4. Хуан Веларде (Шпанија), 5. Пит МекЛиод (Канада), 6. Кирби Чемблис (САД) 7. Микаел Бражо (Франција), 8. Петр Копфстајн (Чешка), 9. Николас Иваноф (Франција), 10. Франсоа Ле Вот (Франција), 11. Кристијан Болтон (Чиле), 12. Матијас Долдерер (Германија), 13. Петер Подлуншек (Словенија), 14. Мајкл Гулијан (САД).

Табела (по 7 од 8 трки): 1. Мартин Шонка (Чешка) 63 поени, 2. Јошихиде Муроја (Јапонија) 59 поени, 3. Пит МекЛиод (Канада) 56 поени, 4. Кирби Чемблис (САД) 53 поени, 5. Мат Хол (Австралија) 37 поени, 6. Петр Копфстајн (Чешка) 37 поени, 7. Хуан Веларде (Шпанија) 28 поени, 8. Матијас Долдерер (Германија) 27 поени, 9. Мајкл Гулијан (САД) 24 поени, 10. Михаел Бражо (Франција) 19 поени, 11. Николас Иваноф (Франција) 16 поени, 12. Петер Подлуншек (Словенија) 14 поени, 13. Франсоа Ле Вот (Франција) 9 поени, 14. Кристијан Болтон (Чиле) 7 поени.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе