МВР објави видео од претресот на комбето од „Шарената револуција“

Канти со боја, водени пиштоли, катапулти и други средства кои ги користат демонстрантите за бојадисување објекти во Скопје, биле запленети вчера вечерта при претресот на комбето на „Шарената револуција, соопштуваат од МВР.

Претресот бил направен поради основи за сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“.

Возачот на комбето беше уапсен по протестот во полициската станица во Кисела Вода и беше пуштен во два часот по полноќ.

„При преглед во возилото биле пронајдени и одземени три канти со дисперзиона боја од пет литри, две канти со кафена боја од три литра, девет канти со боја од литар, 11 спреја во разни бои, две валјака за бојадисување, поголем број водени пиштоли, две импровизирани направи составени од пластични цедилки и гумени ластици (катапулти) како и други предмети кои се предмет на кривично дело по член 243 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. Со лицето е извршен разговор во Полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ по што истиот е пуштен на слобода“, соопштуваат од МВР.

 Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на настанот против возачот ќе биде доставен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Скопје.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=SIlkDyqjRx0]

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе