Новак Ѓоковиќ реши да се загрева за првото коло на АТП 500 турнирот во Астана трчајќи пред салата, а видеото од неговиот мини-тренинг стана хит на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ денеска во првото коло ќе игра против Кристијан Гарин, а пред мечот реши малку да ги испружи нозете и тргна да трча.
Меѓутоа, организаторите на турнирот многу сериозно го сфатиле значењето на најголемата ѕвезда и му одредиле големо обезбедување.
Казахстанците на Новак му доделиле дури шест телохранители кои сигурно не знаеле дека описот на нивната работа ќе вклучува - трчање.
Ѓоковиќ почнал да кружи околу салата во придружба на шесте телохранители.
Воопшто не им беше удобно во оделата да го следат ритамот на Ѓоковиќ, а последниот телохранител во низата губеше здив и едвај успеа да го следи остатокот од групата.