Францускиот моден бренд Coperni неодамна на модната недела во Париз одлучи на нивната ревија покрај модели да се појават и роботи од компанијата Boston Dynamics.

Обично манекенките со своите невозможни пропорции и способност да одат на високи потпетици се ѕвезди на секој моден настан на кој му се восхитува толпата. Но, овој пат манекенките ја играа улогата на ранливи суштества од крв и месо на модната ревија на Coperni во Париз, каде што ја споделија сцената со пет роботи таканаречени кучешки автомати.
Меѓутоа, кога светлата се изгаснаа, во темнината почнаа да трепкаат пет пара зелени очи. Кога црно-жолтите роботи на Boston Dynamic влегоа во собата, можеше да се види возбудата на лицата на публиката додека секое суштество изгледаше како да гледа в очи и да се приближува до самата публика.
Тогаш манекенките се појавија на пистата и им пријдоа на роботите, а потоа токму робот ѝ помогна да го соблече палтото. Друг робот носеше чанта од овој бренд.
Дизајнерите на Coperni изјавија дека оваа ревија била т.н модерна бајка за која се инспирирале од поемата „Волкот и јагнето“ од Жан де ла Фонтен, која е од XVII век. Како што велат, тие ја претвориле оваа приказна во однос на моќ меѓу луѓето и роботите.