„Наци баба“ осудена поради негирање на холокаустот: Аушвиц бил работен логор

Судот во Хамбург осуди 95-годишна жена на затворска казна од речиси една и пол година поради упорно негирање на холокаустот.

Обвинението против Урсула Хавербек, позната како „наци баба“, е резултат на нејзините изјави во 2015 година за време на судењето на поранешниот нацистички член Оскар Гронинг, кој служел како чувар во Аушвиц.

Тогаш Хавербек им тврдеше на новинарите дека Аушвиц, во кој, според проценките на историчарите, нацистите систематски убиле најмалку 1,1 милион луѓе, главно Евреи, бил работен логор, а не логор за истребување.

Судот во Хамбург ја осуди на една година и четири месеци затвор, од кои четири месеци ќе се сметаат за издржани поради долгото одложување на судската постапка.

За прв пат казнета пред 20 години

Исто така, пресудата не е правосилна бидејќи постои можност за жалба. Во 2015 година, Хавербек првично беше осудена на 10 месеци затвор без можност за условна казна во окружниот суд. Таа поднела жалба на таа пресуда, но судењето започнало дури девет години подоцна.

Со години судовите се занимаваат со нејзините изјави во кои таа го негира холокаустот, најголемото страдање на Евреите во историјата. Екстремистката за нејзините изјави за прв пат беше казнета во 2004 година, со парична казна.

Таа веќе помина повеќе од две години во затвор поради негирање на холокаустот. Судот во Берлин потоа ја осуди на една година затворска казна во 2022 година за поттикнување омраза. Хавербек сè уште ја нема отслужено таа казна.

реклама

Зошто е важно да пиете кафе ако имате седечка работа?

Read more

Рани знаци на состојба која ја нарекуваат „тивок убиец“

Read more

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Read more

14-годишно девојче е киднапирано во Грција

Read more

Свет

Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина

Read more

Унгарија доаѓа на чело на Советот на ЕУ: Ова се приоритетите

Read more

Протест против масовниот туризам во Малага

Read more

Шефот на екстремната германска десница AfD се фали со нагло зголемен број на членови

Read more
 

Вести

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

Читај повеќе
  • play_arrow

40 активни пожари горат низ Грција, еден во близина на Атина

Читај повеќе

МОН ќе ја исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Читај повеќе

Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина

Читај повеќе

Тошковски ќе го унапредува Центарот за обука во модерен центар за полициска обука

Читај повеќе

Унгарија доаѓа на чело на Советот на ЕУ: Ова се приоритетите

Читај повеќе

Протест против масовниот туризам во Малага

Читај повеќе

18-годишна девојка пријавила насилство од вонбрачниот сопруг

Читај повеќе

Сончево и многу топло време, температури до 38°C

Читај повеќе