Вкупниот број на регистрирани случаи на COVID-19 во светот надмина 300 милиони. Брзото ширење на сојот oмикрон постави нови рекорди на заразени во десетици земји во текот на минатата недела.
Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрираа својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум во Африка. Дури и кога беа пријавени 13,5 милиони случаи во изминатата недела, 64 отсто повеќе од претходните седум дена, просечната глобална стапка на смртност падна за три отсто.