Шпанскиот ас Рафаел Надал по 18 години не е меѓу првите десет тенисери во светот.

Надал загуби 600 поени на денешната АТП листа, со што падна од деветтото на 13. место. Го престигнаа Хуберт Хуркач, Тејлор Фриц, Јаник Синер и Камерон Нори.
Надал влезе во првите десет тенисери во светот на 25 април 2005 година, а во Топ 10 остана рекордни 913 недели.
Во реалноста, Надал помина 934 недели во првите десет, но 22 не беа пресметани бидејќи рангирањето беше „замрзнато“ во текот на 2020 година поради пандемијата на коронавирус.
За каков подвиг станува збор и податокот дека следен тенисер во таа статистичка категорија е Џими Конорс, кој 788 недели беше во Топ 10.
Шпанскиот тенисер доживеа пад поради повредите кои го спречија да игра цели два месеци. Неговиот последен меч беше на 18 јануари, кога беше елиминиран од Австралија опен веќе во второто коло од Мекензи Мекдоналд.