Нагелсман го менува Флик во Баерн

Баварскиот великан експресно најде замена за тренерот Ханси Флик, кој најави заминување, и тоа во вонсерискиот предводник на Лајпциг.

Баерн потврди дека Јулиан Нагелсман од лето седнува на клупата на најтрофејниот германски клуб. Воедно, бидејќи младиот стратег сѐ уште е под договор со Лајпциг, Баерн ќе му искешира на овој клуб 25 милиони евра за да може од 1 јули да го има на својата клупа.

„Јулиан Нагелсман ја предводи новата генерација на тренери. И покрај младоста, тој има импресивна кариера. Убедени сме дека со него ќе направиме огромни успеси во наредните години“, рече претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

Нагелсман има само 33 години и веќе важи за еден од најдобрите тренери на светот. Неговата тренерска кариера почна во октомври 2015 кога имаше 28 години и тоа на чело на Хофенхајм, станувајќи и најмлад тренер во историјата на Бундеслигата. Од летото 2019 го презеде Лајпциг кого минатата сезона го донесе до полуфиналето од Лигата на шамшионите, а оваа ќе ја заврши ккао втор во Бундеслигата.

URL

„Сакам да му се заблагодарам на Ханси Флик во името на Баерн. Го презеде нашиот тим во едно тешко време во 2019 и успеа да освои шест трофеи, а седмиот, се надеваме, наскоро. Тој секогаш ќе има посебно место во книгите за историјата на Баерн. Му посакуваме сѐ најдобро“, додаде Хајнер.

Ханси Флик, пак, на своја иницијатива го напушта Баерн и покрај огромните успеси кои ги направи со клубот. Германските медиуми велат дека причината за неговиот потег е тоа што токму Флик ќе седне на селекторското столче на репрезентацијата на Германија бидејќи Јоахим Лев си заминува по Европското првенство.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе