Група астрономи од Европската јужна опсерваторија и други институции открија црна дупка која е само 1.000 светлосни години оддалечена од Земјата.
Се работи за најблиската црна дупка која е дел од соѕвездие кое е видливо со голо око.
Со телескопот кој се наоѓа во опсерваторијата во Чиле, научниците пронајдоа доказ за постоење на црна дупка која е оддалечена само 1.000 светлосни години од Земјата. Сметаат дека во иднина ќе пронајдат уште многу вакви црни дупки, наведуваат од European Southern Observatory.
„Бевме многу изненадени кога сфативме дека го откривме првото соѕвездие кое е видливо со голо око, а има црна дупка“, вели астрономот Петр Хадрава, коавтор на студијата од Чешката академија на науки.
Овој систем е толку блиску до Земјата што неговите ѕвезди може да се набљудуваат од јужната хемисфера без двоглед или телескоп.