Новата мини-серија „The Queen’s Gambit“ се занимава со животното патување на една млада шахистка. Можеби на прв поглед ова не звучи особено привлечно, но има доста причини зошто оваа серија е најгледана на Netflix.
Серијата е снимена по романот на Волтер Тревис и ја раскажува приказната за чудото од дете, шахистката Елизабет Хармон, на самиот врв на оваа игра.
Главниот лик го толкува талентираната актерка Ања Тејлор Џој, која доби доста позитивни критики поради начинот на кој го одглуми овој лик, а меѓу импресионираните се најдоа и шахисти од реалниот живот.
Така на пример, францускиот велемајстор Ентони Вириг изјави дека оваа серија е нешто најдоброто што некогаш го гледал за шахот. Слично мислење има и Бахар Куатли, претседател на францускиот шаховски сојуз.
Тајната за успехот можеби се крие во стручните советници за серијата, Гари Касапорв и Брус Падолфини. Ликот на Хармон е делумно инспириран од Боби Фишер, американското чудо од дете кое стана шампион во 1972 година во мечот на векот со советскиот шахист Борис Спаски.