Намален процентот на позитивни на COVID-19 во изминатите седум дена

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2.

Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7,0 отсто, во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=281; 33,5 отсто).  Во овој период, бројот на новопотврдени случаи е под 20 лица, во 16 градови во земјата.

Процентот на позитивни од тестирани изнесува 7,5 отсто, што претставува намалување од 0,3 отсто во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува тренд на намалување, во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10 отсто, 9,4 отсто, 8,6 отсто и 7,8 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, и во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 205 (24,4 отсто) позитивни. Голем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=151; 18,0 отсто), 40-49 (n=142; 16,9 отсто) и 20-29 (n=140; 16,7 отсто) . Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=20; 2,4 отсто) и 10-19 години (n=49; 5,8 отсто).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=807; 96,2 отсто), регистрирани се 119 (14,7 отсто) хоспитализирани, а кај 239 (29,8 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број нови случаи, 307 (38,3 отсто) имаат контакт со потврден случај.

Регистрирани се 29 лица со историја на патување во последни 14 дена, соопшти Министерствотот за здравство.

Во споменатиот период, по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 554 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 513 помалку во однос на претходната недела.

Според извештајот на ИЈЗ, пријавени се 19 смртни случаи од шест градови или два повеќе во однос на претходната недела и сите се на возраст над 60 години. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а три лица починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица.

Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за состојбаta со COVID-19  во Република Северна Македонија – 17 до 23 август 2020 година, како и кумулативна состојба со COVID-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје iph.mk.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе