Фудбалерите на Наполи ја победија екипата на Сампдорија со 4:2 во рамки на 22. коло и така го потврдија големиот триумф кој го остварија против Јувентус.
Елиф Елмас беше во стартниот состав на „Партенопеите“ и конечно го псотигна својот прв гол во Серија А. Тој во листата на стрелци се запиша во 16. минута по асистенција на Џовани Ди Лоренцо кога зголеми на 0:2.
Долгоочекуваниот погодок го прослави со многу емоции кои не можеше да ги исконтролира, па се расплака во прегратките на соиграчите.
Наполи е на 10. место на табелата со 30 бодови, додека пак Сампдорија има 10 поени помалку и се наоѓа на 16. позиција.