Народната банка предупредува за измами преку лажни телефонски повици, апелира до граѓаните да внимаваат

Измамници мамеле граѓани преку телефон, претставувајќи се во име на Народна банка.

Од Народната банка уверуваат дека нивни претставник или вработен, во ниту еден случај нема телефонски да побара од граѓаните број на сметка, ПИН или друг вид личен податок, ниту пак да бара да се уплатат средства на одредена банкарска сметка.

– Злоупотребувајќи го идентитетот на Народната банка преку телефонски повици, непознати лица, се обидуваат противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени. Ја известуваме јавноста дека Народната банка нема никаква поврзаност со лицата коишто ги оствариле телефонските повици и апелираме до граѓаните, да не откриваат лични податоци, ниту пак да преземаат активности согласно со барањата од непознатите лица. Доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете, неочекувани телефонски повици, е-маил или СМС пораки од сомнителни адреси или телефонски броеви, во коишто ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или од вас се бара откривање лични податоци, не започнувајте комуникација каде ќе дадете ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка, пишува во соопштението од Народна банка.

Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско средство – електронска пошта или преку социјалните мрежи, од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува како вработен во Народна бaнка, се апелира веднаш да го пријават случајот во Народната банка, преку официјалната е-адреса: opstiinfo@nbrm.mk.

реклама

Зошто е важно да пиете кафе ако имате седечка работа?

Read more

Рани знаци на состојба која ја нарекуваат „тивок убиец“

Read more

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Read more

14-годишно девојче е киднапирано во Грција

Read more

Македонија

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

Read more

МОН ќе ја исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Read more

Тошковски ќе го унапредува Центарот за обука во модерен центар за полициска обука

Read more

Сончево и многу топло време, температури до 38°C

Read more
 

Вести

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

Читај повеќе
  • play_arrow

40 активни пожари горат низ Грција, еден во близина на Атина

Читај повеќе

МОН ќе ја исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Читај повеќе

Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина

Читај повеќе

Тошковски ќе го унапредува Центарот за обука во модерен центар за полициска обука

Читај повеќе

Унгарија доаѓа на чело на Советот на ЕУ: Ова се приоритетите

Читај повеќе

Протест против масовниот туризам во Малага

Читај повеќе

18-годишна девојка пријавила насилство од вонбрачниот сопруг

Читај повеќе

Сончево и многу топло време, температури до 38°C

Читај повеќе