Откако американската вселенска агенција НАСА успеа да го реши проблемот, вселенскиот телескоп Hubble конечно се разбуди и продолжи да функционира.
Hubble повторно е онјалн по успешната процедура што вклучуваше префрлување на резервниот компјутер. Се чини дека со ова се реши проблемот кој со недели го држеше Hubble во безбедносен режим.
НАСА во четвртокот објави дека започнува ризична постапка за префрлување на Hubble на помошен хардвер во обид да се реши проблемот. За среќа, компјутерот се вклучи и нормалното работење продолжи.
„Hubble тимот сега го следи хардверот за да се осигури дека сè работи правилно. Тимот исто така ги враќа научните инструменти од конфигурацијата на безбеден режим", се вели во соопштението на НАСА.
Телескопот беше лансиран во 1990 година и досега неколку пати се соочувше со големи опасности. Иако сега повторно функционира, Hubble полека се приближува кон крајот на својот животен циклус.
Телескопот James Webb ќе биде лансиран во вселената оваа година.