НАСА: Откривањето фосфин на Венера води кон можноста за вонземски живот

Американски и британски научници открија дека во горните слоеви на атмосферата на Венера има фосфин (гас кој го испуштаат некои живи организми), со што се укажува на можноста од постоење живот надвор од Земјата.

„Живот на Венера? Откривањето на фосфин, нуспроизвод на анаеробната биологија, е еден од најважните настани што води кон заклучок за вонземски живот“, твитна Џим Брајденстин, директор на американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА).

URL

Група астрономи од Институтот за технологија Масачусетс и од англиски Кардиф, вчера во списанието Nature Astronomy објавија истражување во кое се тврди дека во атмосферата на Венера постои фосфин. Во студијата се истакнува дека фосфин е една од супстанциите што сведочат за потенцијални знаци на живот.

Експертите ја истражувале атмосферата на Венера со употреба на телескопот Џемјс Кларк Максвел (ЈЦМТ) кој што се наоѓа на Хаваите и со системот радиотелескопи АЛМА во Чиле, во милиметарска бранова должина.

Во нормални услови на Земјата фосфинот (фосфористен водород) изолиран како супстанција претставува безбоен отровен гас и овде тој се произведува од анаеробни, или микроорганизми кои не користат кислород. На Земјата такви организми се некои видови бактерии, печурки, алги, црви.

Венера е втората планета од Сонцето и е најблиска до Земјата во споредба со другите планети. Исто така, во споредба со другите планети, таа се врти обратно од својата оска и мошне споро, што значи Сонцето таму изгрева на запад и заоѓа на исток, а еден ден на Венера трае 243 земски денови.

Атмосферата на Венера се сости главно од јаглероден диоксид и азот. Површината на планетата е целосно сокриена од многу густи облаци што се состојат од капки сулфурна киселина.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе