На почетокот на март беше претставен кросоверот Bayon, а во април Hyundai ќе го претстави новиот модел Alcazar.
Како што пишуваат странските медиуми, станува збор за продолжена верзија на SUV моделот Creta. Новиот автомобил ќе има 3 реда седишта за 6 или 7 патници, во зависност од конфигурацијата.
Се очекува дека основниот модел ќе има 1,5-литарски мотор кој ќе развива 116 коњски сили. Во понуда ќе биде и 1,5-литарски дизел мотор со 116 коњски сили.
Премиерата е закажана за 6 април и тогаш ќе дознаеме повеќе детали за овој автомобил.