НаТочак: Се тера по старо, за секоја улица треба поединечно да се буниме

Граѓанската инцијатива НаТочак уште еднаш, по којзнае кој пат, упати критики за непочитувањето на постоечките закони и подзаконски акти со кои тротоарите треба да имаат слеани рабници за пристапност не само на велосипеди и тротинети, туку и, уште поважно, на лица со инвалидски колички и мајки и татковци со бебешки колички.

Фото: НаТочак

Често пешачките премини во градовите низ државава завршуваат во висок тротоар кој нема слеан рабник. Тоа претставува најголем проблем за лицата во инвалидска колична кои немаат како да ја искачат оваа пречка.

„Со децении се зборува за пристапноста. Особено граѓаните со хендикеп, тие и неретко протестираат и особено политичарите се сликаат со нив пред избори, потпишуваат меморандуми за соработка, ветуваат подобар град. Но, никој не се решава еднаш засекогаш да ги стави во пракса законите за добробит на овие луѓе кои се движат со колички и помагала, да имаат независна мобилност!
Никој не се решава да ги подобри условите за младите родители да ги шетаат полесно своите деца во бебешки колички и да си ги завршат обврските со нив!
Никој не се решава да ги подобри условите за граѓаните кои користат точак или тротинет како превоз, или кои се рекреираат со скироли и ролери.
А треба толку малку! Треба само наместо висок рабник, кон раскрсниците да се стави спуштен рабник до нула и да се изведе косина на тротоарот. Толку.
Се тера по старо. За секоја улица треба поединечно да се буниме, наместо да си ги читаат правилата“, велат од НаТочак.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе