Научниците конечно успеаја да го вратат времето

Научници од московскиот Институт за физика и технологија, со помош на колеги од Швајцарија и САД, направија нешто што се противи на законите на физиката. Со помош на квантен компјутер успеаја да го променат текот на времето.

Користејќи електрони и принципи на квантната механика истражувачите успеаја да го вратат времето. Поточно, кој и да го набљудувал компјутерот ќе ги видел настаните како времето да се вратило неколку секунди наназад. Ова откритие не само што ќе ги промени нашите сфаќања и употребата на квантните компјутери, туку и некои закони на физиката.

Истражувањето е објавено во списанието Scientific Reports и во него се наведува дека е користен квантен компјутер IBM. Водач на истражување е доктор Горди Лесовик, кој истакнува дека тој и неговите колеги вештачки создале состојба која се развива во насока спротивна од таа во која се движи термодинамичката стрела на времето.

Во текот на експериментот истражувачите откриле дека ако користат два кубита остваруваат успех во 85 проценти од случаите. А, кога ќе додадат уште еден кубит, се појавуваат грешки, па процентот на успешност се намалува.

Сега, научниците се надеваат дека ќе успеат да изработат алгоритам со кој би опфатиле уште кубити и ќе се намали бројот на грешки, односно ќе се зголеми прецизноста.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе