Навивачите на Атлетико се против доаѓањето на Роналдо: Не прибираме ѓубре

Кариерата на Кристијано Роналдо треба да добие појасни контури по состанокот на португалскиот напаѓач со Манчестер Јунајтед.

Тој не присуствуваше во воведниот дел од подготовките со својот клуб, наведувајќи „семејни причини“. Светските медиуми пишуваат за неговата желба да го напушти клубот и како можна опција го споменуваат Атлетико Мадрид. Навивачите на шпанскиот клуб се против.

Роналдо не е омилен лик меѓу најжестоките навивачи на Атлетико, и поради головите што ги постигна за тој клуб додека го носеше дресот на ривалите Реал, и поради непримерниот гест што им го направи како играч на Јувентус откако со хет-трик го нокаутираше Атлетико во сезоната 2018/19 за вкупни 3:2 за торинскиот клуб.

Роналдо не го заборави потегот на Диего Симеоне кога Чоло се фати за меѓуножјето на првиот меч славејќи ја победата од 2:0, но ниту навивачите на Атлетико кои го навредуваа во текот на целиот натпревар со извици „Меси, Меси“. Португалецот одговори на овој начин…

URL

Поради сето ова, идејата Роналдо да дојде во Атлетико е омразена кај навивачите на мадридскиот клуб, па оттука и кампањата на Twitter зад хаштагот „ContraCR7“, кој бара од клубот да не го носи. Се заканува откажување на годишните билети, шпекулации дека „попрво би изгубиле со Карлос Мартин во тимот отколку да победат со тој Португалец“.

„Никогаш во мојот тим, нашите вредности се над головите“, пишуваат луѓето во коментарите, меѓу кои големо внимание добиваат пораките: „Ние не сме азил и не прибираме ѓубре“.

URL
URL
URL
URL
URL
URL

 

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе