Осасуна синоќа на свој терен ја совлада Гранада со 2:0 во првиот натпревар од 10. коло на шпанската Ла Лига, а натпреварот го одбележаа домашните навивачи.
Пред натпреварот, навивачите на тимот од Памплона на трибините истакнаа голем број знамиња на Палестина, кои на овој начин, барем симболично, дадоа голема поддршка во овие тешки денови.
Тие уште пред натпреварот ја најавија својата кореографија, а токму поради тоа израелскиот напаѓач кој настапува за Гранада, Шон Вајсман, не сакаше воопшто да дојде на стадионот.
Како што изјави, не сакал да дојде на натпреварот бидејќи „никој не можел да му ја гарантира безбедноста“.
Со тој чин му направи лоша услуга на својот тим кој лесно беше совладан со 2:0, а двата гола за домашната екипа ги постигна Анте Будимир.
Бидејќи истакнувањето палестински знамиња на натпреварите во Шпанија е строго забрането, камерите не го снимија овој детаљ.