ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Не помогна ни Роналдо: Арсенал го совлада Манчестер Јунајтед

Нов пораз за „Црвените ѓаволи“ кои попладнево загубија на гостувањето во Лондон кај тимот на Арсенал.

Дека се наѕира нов пех за тимот на Ралф Рангник се потврди уште по само три минути игра кога Нуну Тавареш го отвори резултатот носејќи водство на домашните.

Remote video URL

Во 28. минута Еди Нкетиа постигна гол кој ВАР оправдано го поништи поради офсајд, но дури 4-минутниот преглед на крајот покажа дека иако голот не важи, има пенал за домашните поради фаул направен од МекТоминеј во акцијата која му претходеше на офсајдот. Бакари Сака прецизно го изведе ударот од белата точка за дуплирање на водството.

Remote video URL

Само две минути подоцна искра надеж се врати кај гостите откако Немања Матиќ го пронајде Кристијано Роналдо во гостинскиот шестнаесетник, а португалскиот ветеран протнувајќи се меѓу двајца постави нога и намали на 2:1.

Remote video URL

По паузата гостите од Манчестер промашија колосална шанса за израмнување. Имено, во 57. минута Бруну Фернандеш од пенал ја погоди стативата, иако го испрати Арон Рамсдејл на спротивната страна. Четити минути подоцна Роналдо израмни, но и неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Remote video URL

На точно 20 минути пред крајот Гранит Џака со одличен удар ги постави конечните 3:1 и нови важни 3 бода за Арсенал.

Remote video URL

Арсенал грчевито се бори за 4. место и влез во Лигата на шампионите заедно со Челси, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, кој полека но сигурно отпаѓа од игра. „Ѓаволите“ запишаа 3 порази во последните четири кола и имаат 54 бода, додека „Топчиите“ имаат 60 и натпревар помалку. Челси со 62 и Тотенхем со 57 бода допрва ги играат своите натпревари од тековното коло.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе