Необичен камен во форма на крофна снимен на Марс

Роверот Perseverance на НАСА на 22 јуни сними мистериозен камен во облик на крофна од само 100 метри во делтата на кратерот Језеро на Марс.

За жал, научниците не му наредиле на роверот да се приближи до објектот и да собере примерок, па засега не го знаеме точниот состав и потеклото на каменот.

„Не можам да кажам со апсолутна сигурност дека не се работи за метеорит. Само што е многу, многу малку веројатно. Всушност, во овој регион во кој се наоѓаме, има многу карпи со издлабена внатрешност“, рече астрогеологот Џим Рајс од Државниот универзитет во Аризона, како што објави CNN.

На овој простор најмногу се среќаваме со седиментни песочници, карпи стари неколку милијарди години.

„Тие беа предизвикани од поплави во големата долина на реката Неретва, од која целата вода, камења и талог пристигнаа во оваа област. Овој камен веројатно е донесен од друго место“, смета Рајс.

Долината на Неретва на Марс?

Веројатно, некои читатели, заедно со веста за необичниот камен, ги изненадија и имињата како долината на Неретва, со оглед на тоа дека станува збор за Марс, а не за Хрватска. Не грижете се, не е погрешен превод. Имено, Perseverance слета во кратерот Језеро, кој го доби името по едно село во Босна и Херцеговина. Тоа е вдлабнатина широка 45 километри која се наоѓа на северната хемисфера на Марс.

Подрачјата во близина на кратерот се именувани и по реките кои течат низ БиХ, но и Хрватска. Така, веднаш до местото на слетување е долината на Неретва, која всушност претставува пресушено корито на древна река. Југозападно од кратерот Језеро се наоѓа долината Уна, а на север е долината Сава. Картата на целата област можете да ја погледнете овде.

Инаку, роверот за прв пат го забележал каменот на 15 април, кога го фотографирал од околу 300 метри (слика подолу).

Форма на крофна

Што се однесува до необичната форма, Рајс рече дека се работи за камен поголем од 25 сантиметри и дека во него најверојатно имало уште една карпеста формација која со текот на времето еродирала, по што настанала оваа карактеристична шуплина.

Тој додаде дека причината за оваа форма на крофна може да биде и ветерот кој постепено се ширел и ги зголемувал малите дупки или шуплини во каменот. Со него не се согласува планетарниот научник Паскал Ли од институтот СЕТИ, кој верува дека сепак може да биде метеорит со оглед на тоа што Марс се наоѓа во близина на астероидниот појас (слика подолу).

„Постојат помали камења и фрагменти околу каменот, па можеби станува збор за метеорит кој се распаднал при ударот. Во тој случај, оваа форма на крофна е создадена откако го еродирала послабиот материјал во каменот“, вели Ли.

„Исто така, можно е овој камен од сосема различен дел на Марс да е фрлен од голем удар на астероид. Би препорачал Perseverance да отстапи од сегашниот тек за да провери што точно е“, додаде тој. Но, се чини дека тоа нема да се случи, имајќи предвид дека Perseverance веќе патува во спротивна насока кон други поголеми камења и карпи од кои има намера да собира примероци.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе