Несекојдневен повик во струшката Брза помош, тимот на свет донесе здраво машко бебе

Повик во струшката Брза помош ноќта на 1 февруари, не навестил за драмата која следувала во возилото, каде екипата на свет донела здраво машко новороденче.

Главните актери, доктор Васко Дулески и медицинската сестра Семра Бајрамоска, полни со адреналин и среќни за позитивниот исход за МИА го раскажаа новото искуство во кое породиле жена во возилото на Брзата помош на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на езерото Глобочица.

– Добивме повик од дебарската полиција дека родилка од село од Центар Жупа, доаѓа кон струшката болница со приватно возило, со контракции за породување. Не чекавме ниту минута. Тргнавме веднаш, а попатно ги информиравме и на одделот за гинекологија. Возилото со родилката го сретнавме некаде кај Глобочица. Кога ја преземавме жената породувањето веќе беше започнато, раскажува сестра Семра.

За ризикот во целата ситуација, говореше доктор Дулески, кој по процената дека не може да чека да стигнат во болница, ја преземал работата во свои раце, со помош на тимот, составен од сестра Бајрамоска, доктор стажант Елена Мечкароска и телефонска врска со неговата сестра, која е акушерка во гинеколошкото одделение.

– Не сум гинеколог, но моравме да реагираме, за да не е предоцна. Бебето беше почнало да излегува и знаевме дека е ризично и не може да чека. Породувањето го направивме во возилото, со инструкции на мојата сестра, која е акушерка, објаснува Дулески.

Но, драмата не завршила тука. По раѓањето бебето немало срцева акција и не дишело. Па цел пат го реанимирале, за на крај да го слушнат плачот.

– Мајката и бебето се здрави и живи и во добра здравствена состојба, а тоа нѐ прави најсреќни. Сме имале многу интересни случаи, но ваков со родилка, не. Жената, на возраст од 22 години, беше со нерегулирана бременост. Од почетокот на чинот на раѓање неколку пати го враќала бебето, што предизвикало деформитети од притисокот. На крај сѐ добро заврши, раскажува докторот.

Тимот од струшката Брза помош посочува дека имале и други слични повици, кога носеле родилки, но вакво искуство немале иако во професијата често се среќаваат со несекојдневни настани.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе