УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Неславно враќање на Лева во Минхен, Конте заринка во Лисабон

Филип Здравески
/ 14.09.2022 / 08:30

Неколку изненадувања и интересни натпревари донесе воведниот ден од 2. коло во Лигата на шампионите, натпревари кои се одиграа синоќа.

Најголемото изненадување веројатно го приреди лисабонски Спортинг кој со 2:0 го победи премиерлигашот Тотенхем, предводен од Антонио Конте. Англичаните важеа за фаворити за освојување на бодовите во Лисабон, но домашниот тим се покажа како солидна екипа и беше рамноправен противник, на моменти и подобар. Натпреварот се чинеше дека ќе заврши без голови кога точно во 90-тата минута Педру Гонсалвеш асистираше за Бразилецот Паулињу кој донесе водство, водство кое во 3. минута од надополнувањето го дуплираше Артур Гомеш, овој пат на асистенција на стрелецот на водечкиот гол. Спортинг по две кола има максимален број бодови.

Remote video URL

Можеби уште поголемо изненадување, гледајќи го и високиот резултат, приреди белгиски Клуб Бриж кој го торпедираше Порто и тоа на гостински терен среде „Драгау“. Каталонецот Феран Жутгла во 15. минута го најави изненадувањето, а потоа набрзо по паузата во 47. и 52. минута Ганецот Камал Соуа и Данецот Андреас Сков Олсен погодија за 0:3, резултат кој го зголеми 17-годишниот Антонио Муса на минута пред крајот, ставајќи крај на домашната бламажа на португалскиот гигант.

Натпреварот кој сите со нетрпение го очекуваа беше пресметката во Минхен меѓу гигантите Баерн и Барселона, воедно и враќањето на Робет Левандовски во Баварија. Полскиот голгетер се изнапромаши, а неговиот поранешен тим славеше со 2:0 со головите на Лукас Ернандес во 50-тата и Лирој Сане во 54. минута.

Негативно изненадување приреди и мадридски Атлетико кој гостуваше кај Баер во Леверкузен. Во еден тврд натпревар кој одеше накај 0:0 (типично за Атлетико) головите беа постигнати на самиот крај. Роберт Андрих во 84. минута ја начна гостинската мрежа, а Муса Диаби три минути подоцна ја потврди победата на германскиот тим.

Победникот од минатата сезона во Лига Европа, франкфуртски Ајнтрахт, ја оствари првата историска победа во Лигата на шампиони откако славеше на гостувањето во Марсеј со минимални, но доволни 0:1. Победничкиот гол вреден 3 бода беше дело на Данецот Јеспер Линдстрем.

Ливерпул се изнамачи со Ајакс, но сепак славеше на „Енфилд“. Иако во Англија е период на жалост поради смртта на кралицата Елизабета II, натпреварот се одигра. Мохамед Салах во 17. минута донесе водство кое 10 минути подоцна го анулираше Ганецот Мохамед Кудус. За да нема изненадување се погрижи Жоел Матип на само минута пред истекот на 90-те минути.

Интер оствари планирана победа во Плзењ кај чешкиот шампион Викторија. Един Џеко во 20-тата и Дензел Димфрис во 70. минута ги постигнаа двата гола, а во меѓувреме во 61. минута домаќините останаа со играч помалку откако директен црвен поради удар со лакт во лице доби Павел Буха.

Remote video URL

Натпреварот помеѓу Ренџерс и Наполи УЕФА дозволи да биде поместен за еден ден и ќе одигра вечерна наместо синоќа. Домаќините ова го побараа бидејќи синоќа од Шкотска кон Лондон тргна поворката со посмртните останки на британската кралица.

Денеска играат:

18:45
Милан - Динамо
Шахтар - Селтик

21:00
Челси - Салцбург
Копенхаген - Севиља
Јувентус - Бенфика
Макаби Хаифа - ПСЖ
Манчестер Сити - Борусија (Д)
Реал Мадрид - Лајпциг
Ренџерс - Наполи

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе