Netflix го објави трејлерот за „Rolling Thunder Revue: A Bob Dylan Story“
Популарниот режисер Мартин Скорсезе стана познат по мафијашките филмови, но како што одминуваше времето, тој ги прошири неговите интереси и сега режира секаков вид филмови, па дури и документарни. Неговото најново дело ја раскажува животната приказна на музичарот Боб Дилан.
„Rolling Thunder Revue: A Bob Dylan Story“ е сместен во бурните седумдесети во САД, во кои низ улиците се излеваше бунтовниот дух на Американците, а музиката на Боб Дилан ги смируваше немирните души.