Неверојатни снимки од Марс во 4K резолуција
Марс отсекогаш служел како инспирација на луѓето, а и денес некои научници и бизнисмени ја гледаат Црвената планета како место кое во иднина ќе биде колонизирано од човештвото.
Елон Маск е еден од нив, но од денешна перспектива уште сме далеку од реализација на таа идеја.
Во ова видео се собрани снимки, односно фотографии направени од различни ровери на НАСА. Употребени се 1.000 фотографии, а панорамата дава совршен увид на релјефната структура на Марс, во 4K резолуција.