Ни секс, ни град: Новите епизоди на „Sex and the City“ ќе бидат бескрајно здодевни

Обожавателите на серијата „Sex and the City“  не можат да се помират со фактот дека популарната Саманта нема да се појави во новите продолженија, а сега се открива дека новиот проект ќе биде уште поздодевен.

Во јануари беше најавено дека Кристин Дејвис, Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон ќе се вратат во улогите на Шарлот, Кери и Миранда во обновената верзија на „Sex and the City“ на HBO Max.

Долго време кружеа гласини дека се размислува за „оживување“ на популарната серија од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, а обновената серија ќе се вика „And Just Like That…“ (сигурно ја препознавате познатата реплика на Кери Бредшо). Извршни продуценти ќе бидат Паркер, Дејвис, Никсон и Мајкл Патрик Кинг.

Веднаш беше познато дека Ким Катрал, која беше дел од оригиналната актерска екипа и ја играше Саманта Џонс, нема да биде дел од новата серија.

Според Page Six, ни актерот Крис Нот, кој го играше ликот на Ѕверка, големата љубов на Кери, нема да се појави во новите продолженија на серијата. Тој моментално е ангажиран во серијата „The Equalizer“ и снима два филма: „Brooklyn All American“ и „Someday Sometime“.

Page Six исто така наведува дека Дејвид Ајгенберг, кој го играше сопругот на Миранда, Стив, нема да го има во новите продолженија.

Дејството наводно ќе се врти околу трите пријателки кои сега се во петтата деценија од животот. Серијата ќе се состои од десет 30-минутни епизоди, а со снимање ќе почнат пролетва во Њујорк. Сите досегашни информации за новите епизоди на култната серија укажуваат на тоа дека нѐ очекува бескрајно здодевна серија, барем многу различна од оригиналната. Ни секс, ни град, ни бутур...

Приказната во „Sex and the City“, што почна да се емитува во 1998 година, се вртеше околу секс-колумнистката Кери Бредшо (Паркер) и нејзините пријателки Миранда Хобс (Никсон), Шарлот Јорк (Дејвис) и Саманта Џонс (Катрал), нивните врски и љубов кон модата во Њујорк. Серијата се емитуваше шест сезони, освои седум Еми награди и осум Златни глобуси.

Серијата се снимаше според истоимената книга на Кендис Бушнел и иако добиваше пофалби за рушење на секс табуата, сепак наиде и на критики поради недоволниот диверзитет и ноншалантното третирање на некои многу важни теми, како расната дискриминација и еднодимензионалното и стереотипно претставување на одредени групи граѓани.

Продолжете да читате: Сите заблуди што ни ги пласираше „Sex and the City“

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе