Ни срам, ни перде - како се крадат текстови во македонското новинарство?

Во држава каде довербата во судството е 4% (и тоа е многу) никому не е гајле кога неовластено се препишуваат (читај CTRL-C + CTL-V) текстови, сѐ додека текстот не е твој.

Оди тужи, маткај се со години по судови сѐ додека некој не го скрие предметот во фиока.

Станува збор за нашиот текст „Македонец е најдобриот фудбалер во Шведска за 2022 година“.

Обично, странициве што крадат немаат импресум, арно ама, оваа има - и тоа сите до еден набројани.

И што е најинтересно, најдолу дури и ставиле забрана за неовластено преВземање (не знаат ни како правилно се пишува преземање!) на нивните текстови. Е сега, ако некој сака да им го преВземе токму овој крадениот текст, дали ќе му дозволат? Хмммм... прашање чиј одговор многу нѐ интересира.

Другава нема импресум, стандардно за страница која објавува текстови на ваков начин.

И кај двете не стои автор на текстот. Па нормално, како може да стои автор кога авторот не работи кај нив.

Btw, се кладиме дека двете во никоја друга прилика немаат пишано Хелсинбориј (последниот збор во крадениот текст) затоа што во државава сите го пишуваат Хелсинборг, како што се пишува на латиница, додека ние на сајтчево наше го пишуваме како што се изговара на шведски. Ама кога крадеш барем и ќе научиш нешто...

Тагови
реклама

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Read more

#мкфејл

Оглас за вработување: Се бара фудбалер за минималец

Read more

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Read more

За да не биде сомнително ја „наместиле“ 8+

Read more

И вечерва од Дрисла се шири смрдлива магла

Read more
 

Магазин

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Читај повеќе

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Читај повеќе

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Храна што предизвикува проблеми со варењето

Читај повеќе

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Читај повеќе

Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото

Читај повеќе

Симптоми што укажуваат на проблем со неплодност

Читај повеќе