СЕРИЈА А 2023/2024

Никој не може да го запре Интер - дали трката по Скудетото е завршена?

Интер беше без седум редовни стартери во Лече, но сепак обезбеди удобна победа од 4:0 на гости, па италијанските весници сугерираат дека трката за титулата во Серија А е веќе завршена.

Победата на Интер над Лече во неделата значи дека „Нераѕурите“ имаат 9 бода предност пред второпласираниот Јувентус, и тоа со натпревар помалку.

Не е чудно што Интер го победи Лече, но со начинот на кој го направи тоа сигурно ја докажа својата доминација над остатокот од лигата.

Јан Сомер, Бенжаман Павар, Франческо Ачерби, Алесандро Бастони, Николò Барела, Хакан Чалханолу и Маркус Турам не започнаа на стадионот „Виа Дел Маре“. Четворица од нив (Зомер, Ачерби, Чалха и Турам) воопшто не беа достапни, но победата на Интер на гости никогаш не беше доведена во прашање.

„Интер достигна ниво на зрелост што ниту еден друг клуб од Серија А не може да го предизвика“, напиша новинарот на La Gazzetta dello Sport, Себастиан Вернаца, на страницата 2 во понеделничкото издание.

„Тие влегоа во друга димензија, поевропска, играјќи мултифункционален фудбал“, додаде.

Најтиражниот италијански весник и насловната страница му ја посвети на Интер со наслов „Интер влева страв“.

URL

Насловот на страницата 12 на денешен Tuttosport гласи „Никој не може да го запре Интер“, додека Corriere dello Sport истакна дека „Нераѕурите“ победиле на три последователни натпревари во Серија А постигнувајќи најмалку четири гола по натпревар за прв пат по 77 години.

URL
URL

Во меѓувреме, нивниот водечки стрелец, Лаутаро Мартинес, е капоканониере во Серија А со 22 гола, личен рекорд за аргентинскиот напаѓач кој никогаш не постигнал повеќе од 21 гол во една сезона во Серија А. Воедно, против Лече тој го постигна својот јубилеен гол број 100 во Калчото.

Интер го има најдобриот напад во лигата со 63 постигнати гола на 25 натпревари и најмалку совкладана одбрана со само 12 примени гола. Имаат 9 бода предност пред второпласираниот Јувентус со натпревар помалку, кој ќе го одиграат против Аталанта на домашен терен оваа среда (20:45 ч.).

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе