Тајсон Фјури соопшти дека нема договор за меч со Ентони Џошуа, бидејќи рокот истече.
Фјури му даде рок на Џошуа да потпише договор до понеделник, но тоа не се случи, па се огласи на социјалните мрежи.
„Денот на одлуката мина во понеделникот, договорот не е потпишан. Официјално е готово за Џошуа. Заборави идиоте, кукавицо, бодибилдеру. Отсекогаш знаев дека го немаш тоа потребното да се бориш против Кралот на циганите. Нека ти е среќно со кариерата, со нејзиниот крај“, порача Фјури.
По ова, изгледа дека нема да биде ништо од големиот меч за кој сонуваше Велика Британија.