Nokia C12: Колку пари, толку музика

Дали ви треба телефон за најосновните секојдневни задачи? Nokia C12 можеби е вистинскиот избор за вас.

HMD Global, домот на телефоните Nokia, го лансираше својот најнов паметен телефон - Nokia C12 - наследник на моделот Nokia C10 од 2021 година.

Новиот уред, покрај препознатливиот дизајн на Nokia, има и куќиште направено од пластика, покриено со текстура за крајниот корисник да биде сигурен дека нема да му се лизне од рака. Nokia не прецизираше кое заштитно стакло го штити екранот, но знаеме дека C12 има IP52 заштита од вода и прашина. Производителот ветува двегодишни квартални безбедносни „закрпи“, но не беше спомната надградба на оперативниот систем, што е вообичаено за телефоните со Android Go.

C12 е еден од помалите уреди во гамата на Nokia, со дијагонала на екранот од 6,3 инчи, димензии од 160,6 x 74,3 x 8,75 mm и тежина од 177 грама. Дисплејот со резолуција од 720 x 1.600 пиксели нема никого да импресионира, но е целосно во согласност со бараната цена и останатите спецификации. Во горниот дел од екранот има засек во форма на солза, додека на дното има прилично голема „брада“ според денешните стандарди.

Чипсетот Unisoc SC9863A, со осум јадра (1,6 GHz) и IMG8322 графика, е задолжен за секојдневните задачи. Не е реално да се очекува дека овој процесор може да исполни понапорни задачи, па се додека очекувањата се засноваат на најосновните функции, клиентите не треба да имаат проблеми. C12 доаѓа во конфигурација со 64 GB внатрешна меморија, но не може да се прошири со microSD картичка. Има и 2GB RAM, што е доволно за надградба на Android 13 Go верзијата на оперативниот систем, за која Google ги зголеми минималните барања, доколку Nokia некогаш се премисли.

Не треба да очекувате премногу ни од камерите на овој паметен телефон. Може да ви се најдат само ако навистина треба да фотографирате нешто или за видеоповици. Има само еден сензор од 8 MP на задната страна, а за селфиња е задолжена предната камера од 5 MP.

Меѓу другите спецификации, има батерија од 3.000 mAh, која се полни на 5 W, само еден звучник и поддршка за GPS навигација. Дополнително, Nokia C12 не е уред со 5G, наместо тоа, клиентите ќе треба да се потпрат на 4G. Други опции за поврзување вклучуваат Wi-Fi b/g/n и Bluetooth 5.2. Иако е за пофалба што конекторот од 3,5 милиметри не е отстранет, навистина нема оправдување за избор на Micro USB порта на дното.

За кого е наменет овој телефон? Одговорот е јасен - оние на кои им се потребни само најосновните работи за комуникација и полесно консумирање на видео и музички содржини. Може да биде одличен избор за стари лица, како деловен уред, но и како резервен телефон. Доаѓа во сина, зелена и кафена боја, а секој што сака да го купи C12 ќе може да го направи тоа за 120 евра - моментално само во Австрија и Германија, но се очекува проширување и на други пазари.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе