Нов брзински рекорд на Hyperloop
Студенти од Техничкиот универзитет во Минхен постигнаа нов рекорд со нивниот Hyperloop прототип.
Новиот рекорд е постигнат за годишниот натпревар SpaceX Hyperloop Pod и сега изнесува 464 километри на час. Студентите со ова го урнаа нивниот личен брзински рекорд од 2018 година, кој изнесуваше 457 километри на час.
Конечната цел на овие тестирања е да се оствари брзината замислена од идејниот творец Елон Маск, кој предвиде дека возовите ќе се движат со брзина од 1.200 километри на час со што од Лос Анџелес dо Сан Франциско ќе се пристигнува за помалку од 30 минути. Новото возило е тешко околу 70 килограми, поседува каросерија од јаглеродни влакна и систем со магнетска левитација која го држи во воздух, над пругата. Проектот се развива со спонзорство на Airbus.