Нов остров се појави во Тихиот Океан

Подводниот вулкан познат како Home Reef на островите Тонга се разбуди по 16 години длабок сон и на 10 септември 2022 година лава и парчиња карпи почнаа да „истекуваат“ во океанот на 25 километри југозападно од островот Лата.

Отпадоците почнаа да се собираат на едно место, а за само неколку дена се создаде сосема нов остров со големина од 4.000 метри квадратни и висина од 10 метри. На 20 септември, претставници на геолошкиот институт на Тонга (TGS) објавија дека островот пораснал шестпати, проширувајќи се на 24.000 квадратни метри. Експертите се сомневаат дека ќе продолжи да расте.

URL
Огнен прстен

Како феникс што се издигнува од пепелта, овој остров веројатно ќе потоне назад во Огнениот прстен на Тихиот Океан долго пред некој морнар да се понадева дека ќе стапне на неговиот карпест брег.

Пацифичкиот огнен прстен, познат и како Тихоокеански огнен прстен, е низа на вулкани кои го опкружуваат Тихиот Океан. Таму се наоѓаат 40% од сите активни вулкани, кои, покрај тоа, како стратовулкани или сиви вулкани имаат огромна експлозивна моќ.

Кога Home Reef последен пат „роди“ нов остров во 2006 година, беше потребна една година за океанските бранови да ја еродираат неговата издигната површина. А овој пат се работи за уште понизок новоформиран остров, пишува Science Alert.

Од 1852 година наваму, плодниот Home Reef „родил“ острови во пет наврати, од кои некои достигнале висина помеѓу 50 и 70 метри. Во 1984 година, една дури имаше своја мала лагуна. Морската планина одговорна за овие краткотрајни структури се наоѓа во регионот на Тихиот Океан познат како зона на субдукција Тонга-Кермадек, која е домаќин на некои од најбрзо конвергираните тектонски плочи во светот.

URL
Сателитски снимки од формирањето на островот

Во таа област, Пацифичката плоча брзо се лизга под две други плочи (Кермадек и Тонга) со брзина од околу 24 сантиметри годишно, формирајќи го вториот најдлабок ров во светот и исклучително активен вулкански лак. Овој дел од гребенот на морското дно, кој се протега од Тонга до Нов Зеланд, има најголема густина на подводни вулкани во светот.

Сателитските снимки од неодамнешната ерупција на Home Reef го покажуваат формирањето на најновиот остров. Сликата беше објавена од НАСА користејќи податоци од Геолошкиот институт на САД (USGS) на 14 септември. На него се гледа долга трага од чад, но и забележлива промена на бојата на околниот океан.

НАСА вели дека океанот најверојатно станал заматен поради прегреаната кисела морска вода што се меша со делови од вулкански карпи и остатоци.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе