Нов трејлер за „Ant-Man and the Wasp“
По првите неколку дена на прикажување на „Avengers: Infinity War“ во светските киносали, студиото Marvel реши да ја прослави победата на викенд боксофисот со премиера на новиот трејлер за „Ant-Man and the Wasp“.
Marvel стигнаа до бројката од 20 филмови, а токму 20-от ќе биде „Ant-Man and the Wasp“, чија премиера е закажана за 6 јули оваа година.
Новите авантури на Ant-Man ќе бидат раскажани од истите ликови од оригиналниот филм, кои ги толкуваат актерите Пол Рад, Еванџелин Лили и Мајкл Даглас, а нив ќе им се придружат уште Мишел Фајфер, Лоренс Фишбурн и раперот T.I.