Нов трејлер за „Avengers 4: End Game“ се појави на Супербоул
Синоќешниот Супербоул не ги импресионираше фановите на спортот, но веќе со години тој е многу повеќе од само спортски натпревар. Луѓето со нетрпение го чекаат Супербоулот за да ги видат новите реклами и трејлери, меѓу кои се најде и оној за „Avengers 4: End Game“.
Иако не многу поразличен од претходните два трејлери, овој нуди неколку нови кадри во она што треба да претставува последен филм за суперхеројската дружина на Marvel.
Премиерата на „Avengers 4: End Game“ е закажана за 26 април 2019 година.