Нов трејлер за „Shazam!“
Филмскиот универзум на DC продолжува годинава, со претставување на новиот суперхерој во филмот „Shazam!“. Во улогата на Shazam! се појавува Закари Леви, кој е најпознат по улогата на Чак во истоимената ТВ серија.
Пораката на филмот е дека секој од нас во себе чува суперхерој, но само ни треба малку магија за да го извлече на површина. Били Бетсон е едно сосем обично 14-годишно момче кое добива супермоќи кога ќе го извика зборот „Shazam!“.
Премиерата на „Shazam!“ е закажана за 5 април 2019 година.