Нова анализа покажа дека Месечината е постара отколку што мислевме досега

Примероците од карпите на Месечината, кои беа собрани во 1972 година за време на мисијата Apollo, за време на нова анализа покажаа дека Месечината можеби е постара отколку што претходно мислеа научниците.

Месечината со години е во фокусот на истражувањето на вселената, но човештвото сè уште е далеку од целосно разбирање на нејзиното потекло. Тоа ја вклучува и нејзината старост, бидејќи истражувачите неодамна открија дека Месечината е всушност околу 40 милиони години постара отколку што се мислеше.

Во истражувањето објавено од Европското здружение за геохемија, научниците ја разгледале староста на кристалните формации пронајдени во примероците од карпи собрани на површината на Месечината за да ја одредат нејзината старост.

Распространетоста на кристалите наречени циркони во примероците покажува дека површината на Месечината се формирала околу 110 милиони години по формирањето на Сончевиот Систем. Научниците користеле аналитички техники, вклучително и масена спектрометрија за да го измерат присуството на одредени молекули во карпата. Друг метод на анализа, томографија со атомска сонда, беше користен за откривање на количината на радиоактивно распаѓање во примероците, што потоа се користеше за да се одреди староста на кристалите во карпата.

НАСА се држи до теоријата дека објект со големина на Марс се судрил со Земјата пред неколку милијарди години и дека Месечината била формирана потоа. Ова ново разбирање за староста на Месечината всушност им дава на научниците груба идеја за тоа кога би можело да се случи судирот. Откритието ја нагласува важноста на истражувачките мисии како што е Apollo 17. Во 1972 година, за време на мисијата на Месечината, околу 110 килограми лунарна почва беа собрани и транспортирани на Земјата, а сега 51 година подоцна се анализира од истражувачите.

НАСА наведува дека до денес се лансирани повеќе од 100 роботски вселенски летала за истражување на Месечината, така што можностите за уште повеќе откритија се практично неограничени. Новата лунарна мисија на НАСА со екипаж нема да биде лансирана до 2025 година, но сепак може да се очекува програмата на роверот да открие повеќе за формирањето на површината на Месечината.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе